Комплетни ќе бидат Швајцарците за гостувањето во Скопје против Македонија во рамките од последното коло од квалификациите за ЕП идната година. Најзвучно име е Анди Шмид од Рајн Некар Левен.

Македонија веќе е пласирана, откако на гости ја совлада Швајцарија, сега ќе треба само триумф да се осигура најмалку втората позиција на табелата. Македонскиот национален тим пред дуелот со Швајцарија, има гостување во Финска.

ГОЛМАНИ: Аурел Бринголф (Сент Гален), Никола Портнер (Шамбери), Леонард Грациоли (Арау).

ИГРАЧИ: Михаел Кузио (Берн), Марвин Леар, Михала Швајлен, Роман Сидоровиц, Серди Тиновски (Винтертур), Лука Марос, Самуел Зендер, Филип Новак, Тик Томинетс, Јонас Шелкер (Шафхаузен), Лукас Мајстер (Минден), Ален Милошевиќ (Лајпциг), Николас Реми (Вакер), Самуел Ретлисбергер (Штутгарт), Лени Рубин (Вецлар), Анди Шмид (Рајн Некар Левен).

sportmedia.mk