Богдан Срејовиќ, дечкото на Цеца Ражнатовиќ, наводно се заразил со корона, а пејачката за да го негува подобро го преселила во својата вила на Дедиње.

Богдан кон средината на март и се пожалил на Цеца дека не се чувствува добро, се жалел на малаксаност и покачена температура, по што се покажало и дека е позитивен на корона. Набрзо ги спакувал куферите, па се преселил кај Цеца и таму поминал две недели во изолација.
– По цел ден гледале филмови и серии. Вирусот ги зближи и им ја зацврсти врската бидејќи прв пат откако се заедно, толку време поминале под ист кров. Кон него се однесувала прекрасно, му мерела температура, му давала лекови, витамини, чаеви…, открил извор близок до пејачката за медиумите во соседството.
Ниту на Цеца ниту на Богдан карантинот не им паднал тешко, а никој од нејзините не се бунел што Богдан дошол во нивната куќа. Напротив Анастасија била кај дечко и во Нови Сад, а Вељко и Богдана со внукот Жељко биле кај нејзините родители во Тител.