Кога ќе видите човек што ви се допаѓа, не можете а да не размислите за спиење со него.

И тогаш почнувате да развивате филмови во вашата глава зкако тоа би изгледало. И сигурно ви се случило и да се разочарате? Очекувате едно, а се случува нешто сосема друго.

На пример, еден човек изгледа божествено, а во кревет е тешка катастрофа.

И, веројатно многу пати сте помислиле дека би било одлично ако, пред да се фрлите во „акција“, донаете каков љубовник е.

Ако им се верува на резултатите од новото истражување, се чини дека ова е можно.

Имено, за целите на истражувањето, експертите испитувале жени со какви партнери најмногу уживале во сексуалните односи и редовно го достигнувале својот врв.

Тие одговарале на разни прашања во врска со сексуалниот живот, а врз основа на сите овие одговори заклучено е дека дамите најмногу уживаат во врската со духовити мажи.

Експертите ги објаснуваат овие резултати со теоријата дека добрата смисла за хумор укажува на тоа дека мажот е опуштен во разни ситуации, дури и во оние интимните, што е навистина важно за сексуалното задоволство.