Кошаркарите на Реал (М) славеа против Барселона вчера на фудбалското „Ел Класико“ со 2:1, а вечерва победничката низа на дуелите со лутиот ривал ја продолжија и на кошаркарскиот терен. Во големото кошаркарско „Ел Класико“, „кралевите“ вечерва славеа на гости со 87:85 и го потврдија местото на врвот на табелата, сега со 6 бода предност пред Каталонците.

Реал (М) одигра одлично прво полувреме и на пауза отиде со плус девет, 42:33.

Барса успеа да се врати во мечот на крајот на третиот период, но Реал пак се одлепи и дојде на +13 во последниот период.

Во фантастична завршница Барселона се приближи до водството на гостите, Хигинс и Миротиќ погодуваа тројки, па Каталонците стигнаа и до водство од 85:84. Сепак, Николас Лапровитола успеа да погоди за 87:85, по што Хигинс промаши за Барселона и победата замина за Мадрид.

Кори Хигинс со 21 поен беше најефикасен, додека Калатес постигна 18. Кај Реал Руди Фернандез постигна 13 поени.

sportmedia.mk