Победничката серија на Работнички продолжи и денеска во малото градско дерби со вториот тим на МЗТ Скопје. Во меч од 9. коло, тимот од Градски Парк оствари победа од 70:61 со што дојде до 11 триумфи во 16 одиграни меча оваа сезона.

Вториот тим од Аеродром одново се покажа како незгоден противник, со оглед на тоа што се до последните 5 минути од мечот држеше константна рамнотежа, но не успеа да издржи во финишот. Иако пружи силен отпор, сепак на крајот победи искуството.

Работнички дојде до петата победа во низа, а ниту лудото темпо не ги спречи да чекорат кон горниот дел од табелата.

Одличен меч за гостите имаше Мулаиќ кој постигна 22 поени, додека кај МЗТ Скопје 2 најдобар поентер беше Зекири со 17 поени.

sportmedia.mk