Неверојатен меч одиграа ЦСКА Москва на нашата Сара Ристовска и ЧСМ Букурешт во реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Руската екипа имаше негатива од пет гола од првата средба, но одигра феноменално, во еден момент имаше и водство од седум гола. На крајот Сара и нејзиниот тим славеа со 24-19 и токму тие заверија билет за битката за титулата.

Ристовска повторно беше фантастична, постигна седум гола од осум обиди со кои беше прв стрелец во таборот на ЦСКА Москва. Ова ќе биде прво учество на ЦСКА на Ф4 во Лигата на шампионите.

 

sportmedia.mk