Е.Пелистер 2 и Охрид одиграа интересен натпревар, особено во вториот дел. Иако битолчани имаа негатива од четири гола и постојано беа во надредена положба, успеаја со серија од 7-2 да се вратат на мечот и да поведат со 23-22. Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше гол за гол, па ремито (26-26) можеби е најреалната слика, дефинитивно избраниците на Александар Јовиќ заслужија барем еден бод.

Претходно охриѓани доминираа во првото полувреме, по кое имаа позитива од 11-14. Воведот на овој натпревар им припадна на битолчани, најголемата позитива беше три гола (7-4).

Талевски со шест гола беше прв стрелец кај Е.Пелистер 2, по пет погодоци имаа Стоилевски и Атанасијевиќ. Во таборот на Охрид, Кривокапиќ имаше пет гола.

За битолчани ова беше второ реми, со три порази остануваат на последното место на табелата, додека пак на другата страна, Охрид го запиша првото реми и има седум бода.

 

sportmedia.mk