Имињата на сите 240 пратеници во 45-от Парламент на Бугарија се веќе јасни, како и распределбата на местата. Ова го објави Централната изборна комисија на последната прес-конференција по изборите.

Коалицијата ГЕРБ-СДС има 75 места, „Има таков народ“ со 51 и БСП со 43 пратеници, ДПС со 30, „Демократска Бугарија“ со 27 и „Стани! Излези!“ со 14.

Досега 14 кандидати се откажаа од мандатот во бугарскиот Парламент, меѓу кои и премиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Централната изборна комисија соопшти ќе го анализира изборниот процес, по што ќе достави извештај до Националното собрание со предлози за измени во изборното законодавство. Се очекува, бугарскиот претседател, Румен Радев, да ја свика конститутивната седница во текот на следната недела.

makfax.com.mk