Кога ќе одлучиме да споделиме простор за живеење со некого, често ја бараме вистинската личност, во смисла на слични животни навики, однесување и афинитети. Колку пандемијата го смени дури и овој аспект од нашите животи, се вели во еден оглас за цимерка.

Имено, станува збор за потрага по цимерка кој треба да исполни еден специфичен услов – да се вакцинира.

„Барам (вакцинирана) цимерка – стан во Павилјони, изнајмување 125 евра + сметки. Двособен стан, секој има своја соба и тераса. Јас сум пушач“, напиша корисничка на Твитер, барајќи нејзиниот твит да биде споделен.

Бидејќи вакцинацијата е единствениот начин да се излезе од оваа ситуација во која се наоѓа целиот свет што е можно побрзо, голем број граѓани внимаваат со кого се среќаваат,, така да овој огласи не е изненадувачки.

Во исто време, покажува како изгледа оваа „нова нормалност“, односно како вирусот ги смени нашите животи преку ноќ, а оваа состојба може да се среќава наскоро сè почесто.