Трагедија во Куманово: Еден полицаец загина, друг се бори за живот, повредени се и други лица

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Куманово: Еден полицаец загина, друг се бори за живот, повредени се и други лица

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцената која синоќа се случила во Куманово

45 минути после полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец В.Ц. и А.М. кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата