Никола Јокиќ со трипл-дабл во драматичната победа на Денвер против Сан Антонио (121-119) дојде до остварување какво што никој претходно не успеал да запише во НБА-лигата. Српскиот репрезентативец беше најдобар стрелец (26), најдобар скокач (13) и најдобар асистент (14), со што дојде до 13. трипл-дабл оваа сезона.

Јокиќ до овој учинок дојде до сезонски просек од 26,3 поени, 10,9 скока и 8,8 асистенции. Клучно во сето ова е што има високи 57% на реализација.

Покрај него во историјата на најсилото натпреварување само Расел Вестбрук и Оскар Робертсон успеале сезоната да ја завршсат со 25/10/8 во најважните категории. Јокиќ засега има подобар просек, тој е првиот кој до нив дошол со реализација од над 55%.

Две средби беа решение по продолжение. Бостон успеа да ја победи Минесота со 145-136, а Татум беше неверојатен, мечот го заврши со 53 поени и 10 скока за рекорд во неговата кариера.

На останатите средби: Орландо – Индијана 106-111, Бостон – Минесота 145-136 (прод.), Њујорк – Мемфис 133-129 (прод.), Атланта – Чикаго 120-108, Њу Орлеанс – Филаделфија 101-94, Милвоки – Шарлот 119-127, ЛА Клиперс – Хјустон 126-109.  


sportmedia.mk