Еден од најдобрите млади играчи во моментов Килијан Мбапе, наводно донел одлука на крајот од сезоната да замине во Реал Мадрид, пишува „АС“.

Мбапе наводно го информирал раководството дека сака да игра за „кралевите“, но на челните луѓе на ПСЖ е дали ќе го пуштат сега со отштета, или во 2022 година кога ќе му заврши договорот.

Наводно Реал Мадрид е подготвен да му понуди побогат договор на Мбапе за да го убеди да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

sportmedia.mk