Алборг и Порто, очекувано приредија одлична ракометна престава во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Португалскиот тим за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски на оваа средба влезе со позитива од три гола, но за жал не успеа да избори четвртфинале. Алборг славеше со 27-24 доволно за место во следната рунда.

Митревски беше фантастичен во првото полувреме имаше 12 интервенции, една од нив беше од седум метри. На крајот зад своето име запиша 15 одбрани.

Навистина беше драматичен натпревар, до 27 минута Порто ја одржуваше позитивата од три гола, но Алборг успеа да доде до водство од 26-23. На другата страна гостите не реализираа седмерец, на голема среќа ниту домаќинот не се снајде, па резултатот беше 26-24 на минута до крајот. Сепак Алборг реализираше за 27-24, португалскиот тим не искористи напад за четвртфинале.

По првото полувреме Порто имаше негатива од еден гол (10-9), по одморот имаше и водство од еден гол, но во поголем дел од овој период домонираше домаќинот.

sportmedia.mk