Ким Кардашијан-Вест и официјално се придружи на „клубот на милијардерите“, објави магазинот „Форбс“.

Нејзиното богатство достигнало до една милијарда долари благодарение на козметичките и модните бизниси, како и на приходите од телевизија, рекламни договори и инвестиции.

Таа сега е една од 2.775 личности на листата на милијардери на „Форбс“, на чие чело се наоѓа Џеф Безос со 177 милијарди долари.

– „Форбс“ наведува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени, изворот тврди дека ријалити – ѕвездата тежи повеќе од милијарда долари.

Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така таа потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“.

Покрај тоа, Ким дополнително профитираше благодарение на својот инстаграм – профил на кој ја следат повеќе од 213 милиони луѓе.