ВМРО-ДПМНЕ поднесе уште два приговора до ДКСК за кршење на Изборниот законик

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ поднесе уште два приговора до ДКСК за кршење на Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе уште два приговори до Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси, соопштуваат од партијата.

Првиот се однесува на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде локалната власт на СДСМ уништува парк за да се гради станбен објект.

Одговорни се градоначалникот и Советот кој што прифатиле точка и ја изгласале одлуката во Изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите; во овој период не смее да се менува ДУП, бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вториот случај се однесува на лице вработено во администрација, кое работното време наместо на работното место, го поминува во штабот на Стево Пендаровски.

За време на посетата на идната претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова на штабот на Пендаровски во Скопје, меѓу присутните е и градежен инженер од Демир Хисар, вработен во Министерството за финансии, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Стево Пендаровски се во паника бидејќи се соочени со изборен пораз и затоа скандалозно и недопустливо секојдневно ги злоупотребуваат институциите и буџетот во изборни цели.

Затоа по социјалните мрежи кружат фотографии и видеа како се делат дрва и како се асфалтираат улици, иако ваквите активности се забранети во предизборниот период.

Власта и на централно и на локално ниво, две години камче не фрли, ниту шајка закова, па сега се надева дека граѓаните имаат заборавено и дека нивната чест и достоинство ќе може да се купат со пари кои и онака се буџетски.

Заев и Пендаровски ги потценуваат граѓаните кои веќе избраа и се одлучија за правда за Македонија, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува ДКСК да ги прифати поднесоците од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме и ЈО да постапи по нивните наоди. Државните институции мора да се ослободат од притисоците и да преземат мерки да не се узурпира волјата на гласачите.

Криминалниот клан во власта е изворот на корупцијата и мора да му се ставио крај. Стево Пендаровски е вториот лик на Зоран Заев. Стево Пендаровски му е потребен на Зоран Заев за непречено да продолжи криминалот и корупцијата, единствената владина насока.

Македонија мора да стане држава во која важат законите, важи правото, се цени правдата, Македонија мора биде држава на правото и правдата, а тоа е возможно само со убедлива победа на Гордана Сиљановска Давкова на 21 април и потоа на 5 мај, се вели во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата