СДСМ одат во хотел, ВМРО-ДПМНЕ остануваат во својот штаб

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ одат во хотел, ВМРО-ДПМНЕ остануваат во својот штаб

Првите луѓе на СДСМ, Стево Пендаровски и партиските членови изборниот резултат во недела ќе го чекаат во еден од најелитните хотели во Скопје, новоизградениот хотел „Хилтон“.

ВМРО-ДПМНЕ пак, иако првично изгледаше дека ќе се соберат во Домот на АРМ, каде што во последните години ги дознаваа резултатите од изборите, тие ќе останат во своето партиско седиште – палатата „Христо Татарчев“.

Приврзаниците и сопартијци на Блерим Река сепак за исходот од гласањето ќе дознаат во штабот на партијата Беса во трговскиот центар Мавровка во Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата