Боби сними хит, па крена четири во вис!

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боби сними хит, па крена четири во вис!

Пред нешто повеќе од еден месец пејачот Боби Павловски за Гранд ја издаде својата втора песна со наслов „Тамо негде“ и откако помина првичната еуфорија околу промоцијата на одличната балада пејачот реши малку да искулира. И тоа далеку од дома.

Женчето под рака, плажичка... чиста романтика. Кај се скрил Павловски не успеавме да дознаеме, ама од приложеното се гледа дека баш уживал. И тоа со четири во вис!

Додуша уживањето не му траеше долго затоа што мораше да се врати на домашен терен и на свирките кои ги има буквално секоја вечер, а го чека и влегување во студио и работа на новите проекти.

Се вели, тимот кој победува не се менува, а со оглед на тоа и двете песни кои ги сработи со Браја и Сале Тропико - „Тамо негде“ и „Метар дана“ одлично поминуваат кај публиката, екипата, веројатно, ќе остане иста. 

Ајде Боби доста кулираше, фаќај се за работа време е за нов хит!

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата