Ахмети: За 15 месеци ВМРО ја ставивме на колена

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ахмети: За 15 месеци ВМРО ја ставивме на колена

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за ТВ21, ја коментираше изјавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој рече „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.

Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција, рече Ахмети.

Потоа Ахмети додаде:

За 15 месеци ја ставивме на колена ВМРО.

Лидерот на ДУИ додаде и дека доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата