Нарачала фустан за на свадба, добила ПОРНО модел!

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нарачала фустан за на свадба, добила ПОРНО модел!

Јоди Ховард од Даблин нарачала фустан од интернет, но кога и стигнала нарачката останала подзината зашто го добила најнеочекуваниот производ кој можела да го замисли. Интересно е дека решила на Твитер да сподели видео од пристигнатата пратка, радувајќи се дека внатре е посакуваниот фустан, па нејзините виртуелни пријатели биле сведоци на доживеаниот шок.

Јоди вели дека често нарачувала производи преку интернет, но најмалку се надевала на вакво нешто. Досега непријатни искуства, како што рекла, немала, но нели за се има прв пат.

„Фустанот го видов на интернет и го нарачав, два дена подоцна пристигна. Најмногу се изненадив од големината на пакетот во кој стигна“, рекла Јоди, која буквално останала во шок откако го отворила пакетот и се обидела да го облече моделот. 

Секој коментар за изгледот на фустанот е одвишен, а еве како излега парчето кое сакала да го искористи за некоја свеченост. Со ова фустанче е добра само за во филм за возрасни, за жал.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата