Фрчковски и Муслиу го правеле истото што и МИЈАЛКОВ И ТАЧИ. Ќе им се суди ли и на нив за тоа

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фрчковски и Муслиу го правеле истото што и МИЈАЛКОВ И ТАЧИ. Ќе им се суди ли и на нив за тоа

На Сашо Мијалков и Мендух Тачи им се суди дека правеле заговор да се влијае на одлука на ДИК за изборен резултат во Струмица. Деновиве слушнавме телефонски разговор во кој Љубомир Фрчковски бара и го моли Алберт Муслиу преку Али Ахемти и луѓе на ДУИ да влиаје Фрчкоски да не биде осуден за кодош во процесот на лустрација... еве прилика да видиме дали законот важи исто за сите.

Овој разговор би требало да е кај СЈО. Но, можно е и да не е предаден што дополнително потврдува дека СДСМ не ги предале сите телефонски разговори со кои располагаат за да се заштитат себе и своите функционери од законски последици.

На социјалните мрежи се појавија пост бомби во кои се слуша како Фрчковски се договара со Алберт Муслиу за замачкување на лустрација на Фрчковски.

Фрчкоски: Тебе Даут Даути другар ти е?

Муслиу: Не, ама можам да прашам, треба нешто кај него!

Фрчкоски: Па види, сега овие ќе треба да тргнат повторно до лустрацијата со новиот закон и практично ДУИ е клучен, се однесуваа добро во првиот дел не гласаа. За мене што се однесува тоа како командант, уствари по командна одговорност не знам што би правеле тие…

Фрчкоски: Меѓутоа сега по вториов, сега кога ќе тргнат уште се побрутални, тоа е само ВМРОВСКИ закон, имаат намера практично ако донесат решение, имаат во законот обврска, јас можам да изгубам работа, они сакаат да ме истераат од работа. И тука се клучните двајцата Албанци, ако они не гласаат немаат мнозинство. Првиот пат не гласаа за мене имаа таков став и сега треба да провериме дали можеме нив да ги добиеме.

Муслиу: А во комисијата кој се. Даут Даути е таму.

Фрчкоски: Даут Даути е еден од ДУИ !

Муслиу: Кој е тој Даут Даути, јас мислев некој бизнисменот да не е.

Фрчкоски. Не бе новинарот знајш кој е…Колумни пишува…

Муслиу: Не го знам ама ќе го најдам по линија нивна хиерархиска, а кога имаат гласање ?

Фрчкоски: Е така некоја …Тие треба да го донесат законот, еднаш едно време за минатиот закон ги фативме, ама сега треба да провериме затоа што овој е уште побрутален.

Муслиу: пошто јас со нивниот шеф треба оваа недела да се видам

Фрчкоски: Уште подобро, со нивниот шеф да го добиеш за тоа, еднаш да гласа, затоа што за овој закон имаат уште повеќе мотиви да не гласаат, бидејќи е без конзенсус само Вмровски е.

Муслиу: Збориме за комисијата не за парламентот така?

Фрчкоски: Не, не збори ме за парламентот, за комисијата, на парламент секако ќе го донесат само ВМРОВЦИ Е, дури е спротивно на ДУИ. После тоа комисијата ќе не стави пак нас. Јас сум по единствена основа, демек по командан линија демек јас сум наредувал нешто.

Муслиу. Јас треба да се видам со него и ќе зборам.

Фрчкоски: Е така, немој да заборавиш, значи во комисија двајцата од ДУИ , не треба да гласаат во овој случај и без нив нема мнозинство.

Муслиу: Они нема зошто да гласаат.

Фрчкоски: Нема но, тоа не е никаква причина за ВМРОВЦИТЕ, тоа е така знам, гонат некого.

Муслиу: Ќе се сретанм јас по друга линија и ќе зборам.

(Магазин.мк)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата