Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

Големата музичка дива Селин Дион (51) е обвинета дека е сатанистка откако ја лансира својата линија на детска облека наречена „CELINUNUN”.

На интернет-страницата таа ја претстави својата колекција како облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња и им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.

Бројни следбеници на социјалните мрежи, како и свештеник, поточно егзорцист, ја обвинија пејачката дека е сатанист и ги повикува демоните.

„Освен што облеката е исклучително грда, таа е морам да признаам и вознемирувачка. Бебе носи кошула на која има череп. Јакната изгледа како кеса за ѓубре. На некои маички, исто така, се гледаат очите на илуминатите. Ова е сатанска детска кампања“ – вели свештеникот во интервју за „Национален католички регистар“.

Свештеникот ја обвини Дион дека на маиците индиректно ги прикажува окултните симболи, а на еден чифт фармерки го имаше бројот три, на други бројот шест.

„Ова е симбол на сатанизмот. Три шестки или 666 се броеви кои се поврзувани со сатаната со векови. Облеката не е соодветна за возрасни, а камоли за деца“, додаде свештеникот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата