АХМЕТИ ги напаѓа СДСМ за да се оправда за ПОРАЗОТ НА ПЕНДАРОВСКИ (ВИДЕО+ГРАФИКА)

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АХМЕТИ ги напаѓа СДСМ за да се оправда за ПОРАЗОТ НА ПЕНДАРОВСКИ (ВИДЕО+ГРАФИКА)

Зоран Заев не е најпопуларен политичар кај Албанците, а Мухамед Зекири ме молеше да стане пратеник од ДУИ. Со вакви тврдења излезе Али Ахмети на Кликплус за ТВ21. 

Зоран Заев пред неколку дена на гостувањето во #ClickPlus истакна дека тој е најпопуларниот политичар меѓу албанците. Какво е мислењето на Али Ахмети по тој став на премиерот, кажува за ТВ21:

„Мухамед дојде кај мене за да стане пратеник на ДУИ. Пред 7-8 години дојде во мојата канцеларија и бараше да биде пратеник на ДУИ“, вели Ахмети за Мухамед Зеќири.

Ај важи.

И наведува дека зборува и со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за парламентарен настап. Ај важи.

 

Но, да одиме по ред.

Али Ахмети не е наивен политичар. Напротив. Пресметан до последното бело влакно на косата.

Ваквите напади кон СДСМ всушност се обид, по четврти пат да го легализира и легитимира неуспехот на ДУИ да мобилизира гласачи на избори.

Со овие напади кон СДСМ, тој се обидува да се оправда пред време за резултатите од претседателските избори кои ни следат, односно за лошиот резултатот кој ќе го има Стево Пендаровски.

Зошто? Еве ги бројките. Тие велат дека ДУИ оди во политичка пензија. Почнувајќи од парламентарните избори во 2016 година, па на локалните 2017 година и референдумот 2018 година. Албанските гласачи не излегуваат да гласаат за она за што се залага ДУИ и Али Ахмети.

За ДУИ во 2016 година гласале 86.812, односно 7,30 %, односно, гласовите им паднаа на пола. На изборите претходно за оваа партија гласале 153.646 гласови, односно 13,71 %.

Демократската унија за интеграција на предвремените парламентарни избори во 2016 година заврши со само 10 пратенички мандати. Бројките им ги помешаа Беса и Алијансата за Албанците кои освоија 8 пратеника.

Ахмети тогаш рече дека се победници, но дека е разочаран што албанците изгубија мандати.

- Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати - изјави Ахмети во 2016 година.

Ова се резултатите од локалните избори во 2017 година и референдумот 2018 година.

Излезноста во општините со мнозинство Албанци во проценти

 

 

Излезноста во општините со мнозинство Албанци во апсолутни бројки

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата