Науката утврдила: ОВА Е БИОРИТАМОТ ЗА СЕ*С, види кое време во денот ти дава најдобар резултат

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Науката утврдила: ОВА Е БИОРИТАМОТ ЗА СЕ*С, види кое време во денот ти дава најдобар резултат

Сексуалното задоволство кај жените, но и кај мажите, во голема мера зависи и од тоа во кој дел од денот водат љубов.

 

Се тргнува од претпоставката дека на сексуалната желба влијаат сексуалните хормони кои се ослободуваат за време на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се поактивни во почетната фаза на циклусот, кога естрадиолот го контролира созревањето на јајце клетката во јајниците, а „зафатените“ жени, се поактивни кога нивото на прогрестерон е највисоко, а тоа е на почетокот и на крајот од циклусот.

 

Значи, иако за тоа дали ќе имате сексуален однос или не, влијаат многу фактори, менструалниот циклус потсвесно управува со желбата. Сексолозите неодамна утврдиле дека сексуалното задоволство на мажите и жените во голема мерка зависат и од тоа во кој период од денот имаат сексуални односи. Затоа, пред да тргнете да го заведувате партнерот, погледнете колку е часот, за да видите колкави ви се шансите за совршено уживање.

 

Секс-биоритамот не го земајте „здраво за готово“, бидејќи луѓето не се машини. Ако партнерот ве одбива, тоа не значи дека исчезнала љубовта. Неговото либидо можеби е „на пауза“, вели сексологот Петр Платз.

 

Помеѓу 8 и 10 часот

Таа: Жената сега е целосно будна и подготвена за секс. Нивото на ендофрин, хормонот на радост, во тоа време во женското тело го достигнува максимумот, па нема да ѝ треба многу време за да се возбуди.

Тој: Неговиот ум веќе е насочен кон работа. Нивото на тестостерон кај мажите во овој период веќе се намалува и полека се враќа во нормала, па прилично тешко би прифатил „онакви активности“.

 

Помеѓу 10 и 12 часот

Таа: Женските рецептори за вкус сега се многу изострени. Затоа, ова е идеално време за максимално уживање во орален секс.

Тој: Мажот сега времето го поминува во фантазирање. Тоа е причината поради која во овој дел од денот повеќе би сакал да размислува за секс, отколку да направи конкретен чекор за нешто од тоа навистина да се оствари.

 

Помеѓу 12 и 14 часот

Таа: Женската активност во овој период од денот го достигнува својот врв, но таа активност нема буквално никаква поврзаност со сексот. Во оваа фаза, жената тешко се опушта и насочува кон секс.

Тој: Мажот е располжен за секс-игри. Но, неговата изведба во овој период од денот најмногу зависи од партнертката. Ако таа случајно е расположена за страст, тој ќе даде сè од себе за да ја задоволи.

 

Помеѓу 14 и 16 часот

Таа: Женскиот репродуктивен систем во овој период од денот е потполно подготвен за зачнување. Жената баш и не е подготвена за долго и нежно водење љубов. Подготвена е за брз секс, со садо-мазо задоволства.

Тој: Семињата произведени од машкиот репродуктивен орган се најквалитетни околу 16 часот. Значи, ова е најдобро време за секс, ако сакате да засновате семејство.

 

Помеѓу 16 и 18 часот

Таа: Повеќето жени се неспособни за активно водење љубов за време на овие часови, но можеби не би им пречел брз секс во мрзливото попладне. Затоа, немојте да го одбивате мажот ако покажува желба за нежности.

Тој: Мажот е подготвен за акција, но во ова време исто така не е подготвен за опуштање и нежен секс. Еден брз секс, кој ќе го ослободи од стресот и негативната енергија, добро би му дошол.

 

Помеѓу 18 и 20 часот

Таа: Вечерното време е период кога жената треба да го надомести недостатокот на енергија. Чувствителните нервни завршетоци во ушите во тоа време се најчувствителни, па така тие ќе уживаат во шепотење на увото.

Тој: Мажот во оваа фаза е сконцентриран на убава вечера и на тоа малку да се одмори после неа, па така сексот и не му е баш на прво место.

 

Помеѓу 20 и 22 часот

Таа: Сега е најдобро време а одење во кревет и за нежности. Жената е полна со енергија, особено ако изела убава вечера. Подготвена е да делува на сопствена иницијатива. Препорака од експертите: потполно препуштете ѝ се.

Тој: Мажот во овој период е подготвен да оди чекор понатаму и да ја исполни секоја желба на партнерката. И машкиот и женскиот сексуален часовник чукаат исто. 

 

Помеѓу 22 часот и полноќ

Таа: Нивото на мелатонин кај жената драматично расте околу полноќ, а телото паѓа во длабок сон. Дури и ако е будна, сексуалноста во овој период опаѓа. Меѓутоа, жената се чувствува романтично, па нема да ѝ пречи доколку се обидете...

Тој: Мажот се чувствува потполно опуштено, иако сè уште не спие. Може да биде подготвен на долг и спор секс. Едноставно, треба да го отпуштите останатиот дел од енергијата низ сексот, за да можете мирно и цврсто да заспиете.

 

Помеѓу полноќ и 6 часот

Таа: На нејзиното тело му е потребен одмор. Меѓутоа, некои луѓе можат да имаат секс во полусон. Многу жени кои никогаш не доживеале оргазам, врвот на задоволството го доживеале токму кога воделе љубов во полусон. Но, партнерот би требало да биде буден, за да го одработи својот дел од работата.

Тој: Мажот во овој период од ноќта длабоко спие и би требало многу голем труд за да успеете да го пробудите и да го убедите за секс. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата