Новинарите кои го добија Galaxy Fold пријавуваат проблеми со екранот (ВИДЕО)

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новинарите кои го добија Galaxy Fold пријавуваат проблеми со екранот (ВИДЕО)

Претходно оваа недела, компанијата Samsung им го испрати својот флексибилен смартфон Galaxy Fold на одреден број на медиуми, вклучувајќи го и BBC, а новинарите почнаа да пријавуваат проблеми со уредот.

Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман на Тwitter објави дека неговиот Galaxu Fold, односно екранот на уредот целосно е расипан и неупотреблив по само два дена користење. Додаде дека не знае дали се работи само за еден случај или пак проблемот е раширен.

Нешто поинаков проблем забележа новинарот на The Verge, Дитер Бон. Тој напиша дека нешто се случило на екранот на неговиот тестен примерок на Galaxy Fold, што предизвикало испакнување.

Проблеми со екранот пријави и Стив Ковач, кој работи за CNBC. Тој објави клип кој прикажува проблеми со левиот дел на екранот, од кој исчезнуваат содржини.

Откако Samsung доби неколку известувања за дефект на главниот екран, компанијата издаде соопштение во кое истакна дека детално ќе ги анализира спорните уреди и ќе ја востанови причината. Едно од објаснувањата може да биде тоа што некои новинари ја отстраниле фолијата од екранот, мислејќи дека се работи за типична заштитна фолија, која ја имаат новите смартфони за екраните да бидат во совршена состојба до купувањето.

Тоа го направиле новинарот на Bloomberg, Марк Гурман и најпопуларниот технолошки YouTube-ер, Маркус Браунли

Меѓутоа, Стив Ковач не ја отстрани фолијата, но сепак имаше големи проблеми со екранот на флексибилниот уред.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата