(ФОТО) ЧЕСТИТКИ: Се роди Деа, ќерката на Брејк и Драгана

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) ЧЕСТИТКИ: Се роди Деа, ќерката на Брејк и Драгана

Пејачот и бизнисмен Дарко Гелкев – Брејк и неговата сопруга, Драгана Клопчевска утрово добија ќерка. Пресреќната мајка Драгана објави фотографии од ќерката Деа, која се роди во една приватна скопска болница.

„Во 03:44, денес се роди Деа, 3340 грама, 52 сантиметри со апгар тест 9/10. Те сакаме малечка наша“, напиша Драгана на својот Фејсбук профил.

Постариот син на Драгана и на Брејк , Давид има неполни шест години, а Брејк има син и од првиот брак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата