Lenovo Z6 Pro ќе има четири камери на задната страна

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Lenovo Z6 Pro ќе има четири камери на задната страна

Lenovo следната недела во Кина ќе го официјализира Z6 Pro телефонот. Најавата вклучува и пратечка фотографија, која ни дава увид во камера системот на задната страна. Системот ќе се состои од четири сензори, од кои еден ќе има 48 MP резолуција.

Тизерот забележан на Lenovo Weibo страницата, сугерира вертикален систем за четири камери. Еден од сензорите ќе биде одвоен од другите, а останува да се види која е неговата функција.

Официјалното лице на компанијата Lenovo исто така објави и скриншот од AnTuTu листингот, каде Lenovo телефонот со бројот на модел L78051 оствари резултат од 403.077 поени. Доколку е во прашање Lenovo Z6 Pro, смартфонот според перформансите би можел да се најде во врвот на популарната бенчмарк платформа.

Lenovo Z6 Pro ќе биде официјално претставен на 23. април, кога ќе ги дознаеме сите официјално детали за уредот.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата