Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесетиседумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери полни со бензин и неколку запалки, соопшти полицијата. Тој влегол и се судрил со обезбедувањето.

Кога се свртел за да си оди, бензинот се истурил на подот, а обезбедувањето веднаш ја известило полицијата која била надвор, по што човекот бил веднаш приведен во полициска станица.

Од полицијата велат дека се уште е рано за утврдување на мотивот, но сепак се смета за многу сериозен чин.

Инцидентот се случува само два дена по пожарот во кој беше делумно оштетна катедрала Нотр Дам во Париз.

„Тоа е индикатор на нешто што би било многу сомнително“ изјавил Џон Милер од одделот на њујоршката полиција за разузнавачки и противтеротистички дела.

Неодамна изгореа три црнечки цркви во Луизијана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата