Тачи: Во Берлин без договор и без тајни

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тачи: Во Берлин без договор и без тајни

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, негира дека на состанокот во Берлин ќе биде потпишан каков било договор или нацрт-договор.

Тачи на својот профил на „Фејсбук“ наведе дека е во постојана комуникација со меѓународните партнери за развојот на настаните на Косово и, како што рече, на Западен Балкан.

На овој состанок, наведе Тачи, нема да има никакви тајни договори, туку само продолжување на интересите на Германија и Франција за Косово и регионот во целина.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата