ПЕДОФИЛ ФАТЕН НА ДЕЛО: Професор на учениците им испраќал перверзни пораки и БАРАЛ ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ ГОЛИ

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕДОФИЛ ФАТЕН НА ДЕЛО: Професор на учениците им испраќал перверзни пораки и БАРАЛ ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ ГОЛИ

Во Белград, во рамки на полициската акција „Армагедон“, која е насочена на фаќање педофили, уапсен е 58-годишник. Полицијата го сомничи за кривично дело поседување порнографски материјали, но и за искористување малолетници за порнографија.

Се претпоставува дека 58-годишникот во долг временски период на учениците во музичко училиште во кое бил професор преку „Вибер“ им испраќал пораки со сексуални содржини, објави „Телеграф“. Исто така, од учениците барал да му испраќаат фотографии на кои се голи.

Полицијата го претресла неговиот стан, при што во телефонот што го користел биле пронајдени фотографии кои настанале преку искористување малолетници во порнографски цели.

На професорот му е одреден 48-часовен притвор, по што ќе биде приведен од Вишото јавно обвинителство во Белград.

(макфакс)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата