Foto> Twitter Inter

„Нероаѕурите“ го продолжуваат шампионскиот поход во италијанската Серија А. Момците од Милано вечерва ја запишаа 19-тата победа во првенството и ја продолжија триумфалната серија која уште повеќе ги зацврсти на чело на табелата.

Со голот на дефанзивецот Милан Шкрињар, Интер ја победи Аталанта со 1:0 и сега има 62 бода, шест повеќе од второпласираниот Милан, а 10 повеќе од третиот Јувентус (шампионот има и меч помалку).

Аталанта го запиша петтиот пораз и остана на позиција број 5.

sportmedia.mk