Германски РБ Лајпциг треба да му исплати на Ливерпул компензација во висина од 1.500.000 евра поради тоа што го принуди англискиот шампион да се откаже од домаќинството и да го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против „биковите“ во Будимпешта. „Црвените“ победија на првиот меч со 2:0 и таа средба се одигра на „Пушкаш арена“. Причината за промената се мерките во Германија, според кои сите лица па и екипи кои доаѓаат од Обединетото Кралство да бидат подложени на двонеделен карантин.

Според „Билд“ УЕФА му наложила на Лајпциг да плати компензација на англискиот клуб, затоа што промената е извршена поради гостинскиот тим. Ливерпул нема да ја плати истата сума поради првиот меч затоа што „Црвените“ немаа проблем да патуваат до Германија и потоа да се вратат на Островот.

sportmedia.mk