Три четвртини од смартфоните ќе имаат чип за вештачка интелигенција

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три четвртини од смартфоните ќе имаат чип за вештачка интелигенција

Според извештајот на Агенцијата Counterpoint Research до 2022 година 75% од сите паметни телефони ќе имаат специјализиран чип за вештачкa интелигенција. Бројот на уреди со таков хардвер ќе скокне од 190 милиони во моментов до 1,25 милијарди во следните три години.

Во извештајот се истакнува дека, до денес, повеќето паметни телефони имаат барем една функционалност која користи вештачка интелигенција, како што се препознавање на лице, гласовен асистент или дополнителни режими на камера. Во повеќето случаи, сепак, овие додатоци се обезбедени од страна на централниот процесор.

Според Герет Овен од Counterpoint Research, производителите се повеќе почнуваат да нудат специјализирани хардверски решенија. Ова ќе обезбеди подобра работа на гласовните асистенти.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата