Холандските пратеници бараат воведување визи за Албанците

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холандските пратеници бараат воведување визи за Албанците

Четири холандски пратеници иницираa да се укине привремениот безвизен режим на патувања за албанските граѓани во Шенген-зоната, како дел од борбата против организираниот криминал.

Предлогот беше усвоен од страна на Парламентот на Холандија на 11 април, по што холандската влада ќе побара од Европската комисија да ја поведе постапката „вонредна сопирачка”, што овозможува суспензија на безвизниот режим, пренесува сајтот Шенген виза (sćengenvisainfo.com).

За време на дебатата во парламентот пратениците рекоа дека има зголемување на криминалните активности на албанската мафија во Холандија и дека овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат во Европа без визи.

Мерката „вонредна сопирачка“ се предвидува со Регулативата ЕК 1289/2013 и дозволува суспензија на безвизниот режим за државјаните од третите земји во одредени околности кои се сметаат за „вонредни ситуации“ и може да биде воведена со мнозинство гласови од членовите на Европската комисијата.

Во јануари 2018 година, Франција се закани дека ќе воведе визен режим за Албанците, откако во 2017 година примила 7.630 барања за азил од Албанците.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата