Кирил Лазаров денеска и официјално ја почна својата нова мисија. Нашиот најдобар ракометар го одржа првиот собир како селектор на македонската ракометна репрезентација. Кире на располагање ќе ги има сите играчи во понеделник, дел имаат обврски кон своите клубови.

На списокот на 23 играчи уште од старт отпѓаат двајца. Станува збор за Марко Мишевски и Дејан Кукуловски, двајцата се позитивни на коронавирус и ќе на можат да бидат на овој собир, но Лазаров ќе смета на нив за следните квалификациски дуели.

Македонија на 11. март на домашен терен ја пречекува Данска, три дена подоцна му гостува на актуелниот светски првак во квалификациите за ЕП 2022 година.

sportmedia.mk