Николас Кејџ (57) се оженил по петти пат. Актерот и неговата 30 години помлада девојка Рико Шибата се венчале минатиот месец во Лос Анџелес. Церемонијата била скромна и мала, а се одржала на 16 февруари денот на роденденот на покојниот татко на актерот.

– Вистина е, и многу сме среќни, рекол актерот.

Кејџ сегашната сопруга ја запросил преку Фејстајм додека таа била во Јапонија. Инаку, таа има 26 години и е четири години помлада од првиот син на актерот Кејџ Вестан. Нејзе ова и е прв брак, а тој претходно беше со Патриша Аркет, Алиса Ким, Лиза Мари Присли и Ерика Коике, од која побара развод по четири дена.