Кирил Лазаров денеска отвара нова поглавје во својата кариера. Капитенот во иднина ќе има двојна задача во македонската ракометна репрезентација, ќе биде селектор.

Првата прозивка е закажана за денеска во 12 часот во хотелот „Александар Палас“, дебито на клупата на нашиот најдобар национален тим ќе го има на 11. март, во Скопје гостува актуелниот светски првак, Данска, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Лазаров во подготовките за двомечот со Данците тргнува со 23 имиња и нов стручен штаб (Филип Миркуловски, кој ќе биде тренер-играч, Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска). Македонија ќе биде комплетна дури во понеделник, дел од ракометарите кои се најдоа на списокот имаат клупски обврски.

Според планот и во време на пандемија коронавирус, сите репрезентативци ќе минат Ковид-тестови, а потоа ќе почнат со тренинзи.

Македонија во квалификациите запиша две победи, против Финска на домашен терен и Швајцарија на гости.

sportmedia.mk