Васко Скендеровски, селекторот на нашата футсал репрезентација, за СПОРТМЕДИА од Врање, не го криеше своето задоволство. Да потсетиме дека Македонија на гости кај Србија одигра 1:1, освои голем бод, па така сега и тоа како е во игра за второто место и директен пласман на ЕП.

Ова е чудо, ова е неверојатен резултат за Македонија, и тоа без двајцата најдобри играчи Даниел де Соуза и Ранготов. Да се одигра 1:1 на гости кај една од најдобрите селекции во светот секако дека е вистинско чудо. Честитки за сите, навистина изгинаа на паркетот во Врање, така се игра за својата репрезентација. Голманот Петровски беше фантастичен, но и останатите заслужуваат честитки. Јас сум задоволен, презадоволен, сега ни останува да се одмориме малку, да подготвиме соодветна тактика и спремно да ги дочекаме Србите на 9 март на наш терен и да направиме уште поголемо чудо. Мислам дека со овој бод имаме и тоа какви шанси за пласман на ЕП“ изјави Скендеровски за СПОРТМЕДИА.

sportmedia.mk