Роналдо вечерва против Ајакс брка историско деветто полуфинале во низа

16.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо вечерва против Ајакс брка историско деветто полуфинале во низа

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо е особено мотивиран кога игра во Лигата на шампионите, а тој е и прв стрелец во историјата со 125 погодоци. Вечерва неговиот Јувентус против Ајакс ќе се обиде да обезбеди полуфинале во елитното натпреварување, а Роналдо може да испише нова историска страница во европските настапи.

Од елиминацијата на Реал Мадрид во осминафиналето од Лион во сезоната 2009/10, португалскиот голгетер до денес врза серија од осум последователни учества во полуфиналињата. Загуби три по ред од Баерн Минхен, Барселона и Борусија Дортмунд, а потоа ја освои долгоочекуваната „Ла Децима“ со „кралскиот“ клуб.

Наредната година беше елиминиран од неговиот сегашен клуб Јувентус, па следуваа историските три шампионските титули со „кралевите“. Оваа сезона тој атакува на деветтото полуфинале во низа и четвртиот трофеј во последните четири години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата