Еве зошто се разведуваат Ким Кардашијан и Кание Вест: Документите за развод достапни за јавноста

28.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве зошто се разведуваат Ким Кардашијан и Кание Вест: Документите за развод достапни за јавноста

Судски документи откриваат зошто Ким Кардашијан поднела барање за развод од Канје Вест
Откриени се нови детали за разводот на Ким Кардашијан и Кание Вест.

Според судските документи, ријалити sвездата ги навела „непомирливите разлики“ како причина за разводот.

Ким исто така побара да се укине барањето за брачна поддршка, без разлика дали од нејзина страна или од страна на славниот рапер.

Во документите не е наведен датумот на нивното разделување, а исто така е потврдено дека тие имале предбрачен договор што треба да им помогне да ги избегнат проблемите околу богатството и секој да го задржи своето.

Барањето е испратено на 22 февруари, а Кардашијан е застапувана од адвокатката Лора Васер, позната по одбрана на бројни sвезди.

Минатата недела исто така било откриено дека 40-годишната ријалити ѕвезда и претприемачка сака заедничко старателство над четирите деца на двојката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата