Принцот Хари откри зошто го напуштил Кралството: Моето ментално здравје е уништено! (ВИДЕО)

27.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Хари откри зошто го напуштил Кралството: Моето ментално здравје е уништено! (ВИДЕО)

Принцот Хари рече дека се повлекол од кралските должности затоа што британскиот печат бил „токсичен“ и му го „уништил“ менталното здравје.

Хари му се отвори на Џејмс Корден во неговото шоу Late Late Show и му откри на познатиот водител зошто ги напуштил кралските должности.

„Не се оддалечив“, рече Хари, објаснувајќи дека треба да го заштити своето семејство. „Направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го извадам семејството од таму“, му рече на Корден.

„Но, ние никогаш не сме се оддалечиле – и што се однесува до мене, јас никогаш нема да заминам“.

Хари ги боцна и таблоидите, велејќи дека претпочитал да ја прикажува својата семејна историја во серијата The Crown зашто тие „не се преправат дека прават вести“.

Тој исто така рече дека би сакал да го игра Деријан Луис во серијата.

За време на возењето во кое пиеја попладневен чај, Хари му призна на Корден дека знаел дека Меган е „вистинската“ на нивниот втор состанок и открил дека кралицата за Божиќ му купила на неговиот син Арчи апарат за правење вафли.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата