Убава вест: Одобрена уште една вакцина против коронавирусот

27.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убава вест: Одобрена уште една вакцина против коронавирусот

Вакцината на производителот „Џонсон и Џонсон“ е одобрена и наскоро ќе може масовно да се произведува и дистрибуира низ светот.

– Советниците за вакцини во Американската агенција за храна и лекови (ФДА) вчера ја одобрија употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против коронавирусот – јави Си-Ен-Ен.

ФДА и Комитетот за биолошки производи јавно гласаа за одобрување на вакцината за итни случаи за лица постари од 18 години.

Оваа вакцина има пошироко дејство, односно создава имунитет и на новодетектираните соеви. За разлика од другите американски вакцини против КОВИД-19, од оваа е потребна само една доза и може да се чува во обичен медицински ладилник при транспорт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата