СЗО ПРОТИВ КОРОНА ПАСОШИ: Луѓе ќе трчат по вакцина, приоритетните нема да ја добијат

26.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО ПРОТИВ КОРОНА ПАСОШИ: Луѓе ќе трчат по вакцина, приоритетните нема да ја добијат

Светската здравствена организација (СЗО)  во моментов смета дека ковид пасош не треба да се воведува, вели директорот на канцеларијата на СЗО во Србија, Маријан Ивануша.

Тој вели дека воведување на тако документ ќе доведе до големи нееднаквости.

Ивануша додава дека вакцината не е доволно распространета на глобално ниво и дека воведувањето пасош, кој има за цел слободно да се патува во рамките на Европската унија и покрај пандемијата, ќе ги забави приоритетните групи за вакцинација и дека луѓето ќе трчаат по вакцина.

Тој ги коментираше најавите од ЕУ дека може да бидат достапни дигитални сертификати за вакцинација пред летото, што ќе им овозможи на луѓето слободно да патуваат во Европа, без оглед на пандемијата.

– Луѓето би трчале за вакцина поради тие пасоши, а можеби и не им е потребна вакцината толку итно како што им треба на постарите или на болните луѓе – рече Ивануша

Тој исто така додаде дека има ограничени докази дека вакцинацијата спречува пренесување на вирусот.

– Првата цел на вакцинацијата е да се спречи сериозно заболување. Само сега се прават студии за да се спречи и асимптоматска инфекција и пренесување на вирусот. Потребни ни се уште неколку од овие дополнителни студии за да имаме научни докази дека вакцината е ефикасна во спречување на овој асимптоматски пренос на вирусот – рече Ивануша.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата