Заев, Пендаровски и неколку министри во изолација по повод утрешниот протест за “Монструм”

25.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев, Пендаровски и неколку министри во изолација по повод утрешниот протест за “Монструм”

Пред и за време на утрешниот протест што ќе биде организиран во Скопје поради изречените максимални казни за обвинетите во „Монструм”, МКД.мк дознава дека од безбедносни причини се подготвуваат посебни мерки за заштита на јавниот ред, но и мерки на обезбедување – изолација на државните функционери.

Според извори на порталот МКД.мк премиерот, претседателот на државата и на неколкумина министри и лица од одредени институции ќе бидат под посебни мерки на обезбедување, односно изолација.

Од организациониот одбор на протестот велат дека протестниот марш ќе тргне од паркот во Чаир и ќе се протестира пред Судот, а потоа и пред Владата.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во судскиот процес „Монструм” потврди дека за утре е закажен протест во Скопје од кој ќе се изрази незадоволство поради осудителните пресуди на крајот од повтореното судење за убиството на четирите момчиња и рибарот крај Смилковското Езеро.

Протестот е заради тоа што се работи за монтиран судски процес, вели Ајдари.

На неговиот фејсбук профил е објавена фотографија, како плакат за протестот проследена со следниот текст: „Сите објави за протестни повици кои се слични на овој текст се прифатливи и точни информации, останатото е дезинформација”.

А, на плакатот е наведено дека протестниот марш ќе започне по петочната молитва во џамиите, во 13.30 часот кога ќе се тргне од паркот во населбата Чаир кон Судот, а потоа и кон Владата.

Целиот текст прочитајте го на Мкд.мк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата