БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Ризикот од хоспитализација е за 64 проценти поголем кај британскиот вид на вирусот

25.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Ризикот од хоспитализација е за 64 проценти поголем кај британскиот вид на вирусот

Луѓето заразени со позаразната варијанта на коронавирусот, за прв пат откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, соопшти во средата данскиот институт Серум, пренесе Ројтерс.

Од 2.155 лица заразени со варијантата под име Б117 во студијата на институтот, 128 се хоспитализирани, што е стапка од 64 проценти поголема од луѓето заразени со другите варијанти, се вели во студијата.

Резултатот од данската студија е сличен на истражувањето спроведено на почетокот на овој месец во Велика Британија, додаде институтот во соопштението.

Варијантата Б117 стана доминантна во Данска минатата недела и претставува скоро две третини од сите нови инфекции, додека на почетокот на годината британската варијанта претставувала само 5 проценти од сите случаи.

Данска е предводник во секвенционирањето на геномот што се користи за анализа на генетскиот материјал на коронавирусот за утврдување на варијанти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата