Со хартија и молив ја разбила нацистичката мрежа: За оваа жена не се знаело ништо се до 2008 година

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со хартија и молив ја разбила нацистичката мрежа: За оваа жена не се знаело ништо се до 2008 година

Како прва американска криптоаналитичарка, Елизабет Смит Фридман (1892-1980) се смета дека е заслужна за откривање на стотици кодови за време на нејзината кариера.

Впрочем, Елизабет успешно открила и разбила многу мрежи на шверц на алкохол во времето на прохибицијата но и го разбила нацистичкиот шпионски прстен низ Јужна Америка во 40тите години од минатиот век.

Но, се до 2008 година Американците не знаела за оваа жена – херој. Нејзината приказна станува позната кога во 2008 година се трга ознаката “државна тајна” од нејзините документи кои таа ги работела во Втората светска војна.

Иако многу аналитичари сметаат дека е американски пандан на Алан Туринг, генијалниот британски математичар кој дешифрира голем број германски системи за криптирање, од кои најпознат беше „Енигма“, таа остана непозната со децении бидејќи нејзините заслуги ги присвои Џ. Едгар Хувер, долгогодишен ФБИ-директор.

Американскиот јавен радиодифузен сервис неодамна го прикажа документарниот филм „The Codebreaker“ посветен на Елизабет Фридман, кој се базира на бестселерот „Жената што ги скрши кодовите“ („The Woman who smashed Codes“) на новинарот Џејсон Фагоне.

Жената што ги скрши кодовите: Која била Елизабет Фридман?

Елизабет е со потекло од Хантингон, Индијана. Таа уште од мала покажала голем талент за јазици, а и многу читала. Во 1914 година дипломирала англиска литература на колеџот „Хилсдејл“ во Мичиген.

Елизабет во 1916 година ја посетила библиотеката во Чикаго се со цел да ја разгледа колекцијата од 1.623 дела на Вилијам Шекспир „Прво фолио“.

Во разговор со библиотекарот, таа му открила дека бара работа и дека би сакала да работи во областа на литература или истражување.

Не поминал ни еден час, а во библиотеката пристигнал ексцентричниот милијардер Џорџ Фабјан, кој го стекнал своето огромно богатство во текстилната индустрија и бил опседнат со откривање на тајните на природата.

Впрочем, Фабијан бил опседнат со криптографијата. Тој верувал дека Шекспир не е автор на познати претстави како „Хамлет“ или „Јулиј Цезар“, туку дека нив ги напишал филозофот Френсис Бејкон. Тој бил убеден дека Френсис Бејкон оставил скриени пораки за неговото авторство во драмите на Шекспир од 1623 година и барал личност да ги декодира тајните пораки.

Кога библиотекарот му кажал дека познава млада девојка која сака да истражува тој веднаш ја вработил во Ривербанк како криптограф. Иако Елизабет не верувала во теоријата на Фабијан, односно сметала дека е глупост сепак таа ги проучувала делата на Шекспир надевајќи се дека ќе најде скриена порака.

Неколку месеци подоцна, во Рибербанк се вработил и младиот генетичар Вилијам Фридман, во кого Елизабет се вљубила. Кога почнала Првата светска војна, Фабјан ѝ ги понудил на владата услугите од младиот пар криптографи, а Фридман станале водечки фигури на американската единица за разбивање непријателски шифри.

– Иако Елизабет никогаш не била обучена за таа работа, била многу вешта во процесот на пресретнување на радиопораките и нивно декодирање – изјави историчарот Ејми Батлер Гринфилд за „Тајм“

 

Со хартија и молив ја разбила мрежата на Ал Капоне

Во 1917 година, младиот пар се венчал а неколку години подоцна добиле ќерка и син. Во 1921 година го напуштиле Ривербанк и се преселиле во Вашингтон. Таму биле ангажирани од министерството за финансии на САД со задача да се борат против шверцот со алкохол во периодот на забраната во Америка (1920 до 1933 година).

Во време на забраната, шверцерите на алкохол користеле бродови кои крајбрежната стража не можела да ги запре бидејќи биле вешти во користењето шифрирани радиопораки.

Помеѓу 1926 и 1930 година, Елизабет дешифрирала по 20.000 пораки за шверцување годишно во стотици различни системи за кодирање. Сето тоа го направила рачно, користејќи само хартија и молив. Со оглед на тоа дека во ова време не постоеле компјутери, слободно може да се каже дека нејзината работа е  херојски подвиг.

Во ерата на прохибицијата, Елизабет Фридман исто така морала да се појави на суд за да сведочи како криптограф на судењата на некои од најголемите криминалци во тоа време.

На пример, таа сведочела во еден случај во Њу Орлеанс против тројца соработници на Ал Капоне.

Елизабет – причина за распадот на нацистичката шпионска мрежа на Сарго

Но вистинскиот предизвик за Елизабет бил во времето на Втората светска војна.

Откако Хитлер ја нападнал Полска во 1939 година, Елизабет основала тим од разбивачи на кодови. Овој тим почнал да пресретнува пораки слични на оние што ги користат шверцерите на алкохол, само што овој пат биле испраќани од нацистички шпиони.

Па така, нејзиниот тим кој бил насочен кон проблемот со шверцот со алкохол, станал тим што ловел нацистички шпиони.

Како и Алан Туринг, и Елизабет Смит Фридман работела на разбивање на енигмата, а за време на Втората светска војна дешифрирала повеќе од 4.000 нацистички пораки. Нејзина најголема заслуга е распадот на нацистичката шпионска мрежа што испраќала криптирани извештаи од Јужна Америка до Берлин.

Оваа шпионска мрежа ја водел Јоханес Зигфрид Бекер, познат и под прекарот Сарго. ФБИ го сметал Бекер за најопасен нацистички шпион на западната хемисфера. Од својата база во Аргентина тој управувал со мрежа од повеќе од 50 агенти кои разменувале илјадници извештаи за шпиони со Германија, собирајќи информации за американските и британските воени сили.

Таа шпионска мрежа поттикнала и воени удари во јужноамериканските држави за да ги насочат своите влади кон нацистите. Напорите на Елизабет довеле до распаѓање на сите нацистички шпионски мрежи во Јужна Америка, особено онаа предводена од Сарго.

Без Елизабет ФБИ ќе било изгубено

– ФБИ беше одговорен за фаќање на нацистичките шпиони во Јужна Америка, па Елизабет испраќала пораки и материјали до своите вработени, со чија помош тие самите можеа да ги дешифрираат пораките. Без Елизабет и нејзиниот тим, ФБИ ќе беше изгубено. Но, откако нацистичките шпионски мрежи беа уништени кон крајот на 1944 година, Џ. Едгар Хувер почнал јавна кампања за да ги заработи заслугите за победата во таа невидлива војна, тврдејќи дека ФБИ е единствено биро што ги заслужува. Дури и денес, историчарите по грешка заслугата на Елизабет му ги припишуваат на Хувер и ФБИ. Како резултат на тоа, Американците не знаат дека Елизабет Фридман, мајка на две деца, била најголемиот ловец на шпиони во Америка за време на Втората светска војна – вели Џејсон Фагоне.

 

За време на Втората светска војна сопругот на Елизабет, Вилијам Фридман, се истакнал со важни достигнувања, како што е разбивање на јапонскиот систем за шифрирање „Прпл“.

Сепак, за разлика од неговата сопруга, достигнувањата на Фридман биле добро препознаени, па во 1952 година тој станал водечки криптолог на новоформираната Агенција за национална безбедност (НСА).

Елизабет останала во сенката на нејзиниот сопруг и заслуженото признание го добила постхумно. Така, во 2019 година, Сенатот на САД донесе резолуција во нејзина чест, а во јули 2020 година крајбрежната стража на САД објави дека ќе го именува бродот по неа.

Извор: Blic.rs

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата