Абрамович искешира 430 милиони за јахта, а една му подарил и на Путин

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Абрамович искешира 430 милиони за јахта, а една му подарил и на Путин

Рускиот милијардер и сопственик на клубот Челси, Роман Абрамович е голем љубител на јахти и деновиве доби нова играчка вредна 430 милиони евра.

Абрамович има дури осум скапи јахти во својата колекција, а последната во колекцијата наречена 460ft Solaris вреди скоро половина милијарда евра.

Оваа јахта започнала да се гради пред три години. Долга е 140 метри и тежи 11 илјади тони.

Максималната брзина што ќе ја достигне оваа јахта е 18 јазли (33,33 км / ч). Ќе има 48 кабини и осум палуби. Абрамович ќе може да биде домаќин на повеќе од 40 гости, а екипажот ќе го сочинуваат 60 лица. Јахтата вклучува хелиодром, базен, теретана, бар на плажа и неколку ресторани.

Покрај Соларис, што изгледа навистина огромно, Абрамович сака да се пофали и со суперјахтата наречена Eclipse, за која што платил 450 милиони евра пред 11 години, за да ја подобри пет години подоцна. Самиот тајкун признал дека по овие корекции, Eclipse вреди повеќе од милијарда евра.

Иако е подолга на Соларис, Eclipse има нешто помалку соби за гости, но покрај неколку базени, џакузи и ноќни клубови, има и ракетна заштита во случај на напад.

Исто така, Eclipse има подморница што може да достигне длабочина до 50 стапки.

Во 2007 година, Абрамович му ја подарил Олимпија, јахтата вредна „само“ 25 милиони фунти на својот голем пријател Владимир Путин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата