Маестрална кражба: Влегле во магацин и украле дури 2,5 тони кафе (ВИДЕО)

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маестрална кражба: Влегле во магацин и украле дури 2,5 тони кафе (ВИДЕО)

Ноќеска непознати лица го ограбиле производствениот и магацински објект на босанско-херцеговската компанија „Маркафе“ од Кисељак и однеле значителен плен.

 

Како што потврдиле од Маркафе за порталот Klix.ba, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел каде го паркирале комбето, црвениот Citroen. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да внесат дури 2,5 тони кафе во него.

Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата