Главни причини ЗОШТО ЖЕНИТЕ ИЗНЕВЕРУВААТ

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Главни причини ЗОШТО ЖЕНИТЕ ИЗНЕВЕРУВААТ

Немањето доволно љубов во бракот, но и необрнувањето на внимание кон жените, се дел од причините поради кои тие можат да го изневерат својот сопруг. Жените не сакаат да се чувствуваат како обичен предмет, не сакаат монотоност и сакаат задоволство.

Според студија спроведена на страницата VictoriaMilan многу ситници кои ја нервираат жената може да доведат до неверство. Како дел од нив се посочени фокусирањето на задоволување на сопствените потреби и нарцисоидното однесување како навики кои најлесно ќе ги принудат во туѓ кревет.

Студијата која е спроведена на 4.000 луѓе покажува дека недостатокот на добар секс на жените со партнерот ќе ги охрабри да размислат да бараат задоволство „на страна“, а повеќе од 65 проценти од поубавиот пол велат дека би размислиле за неверство ако мажот во кревет се однесува нерегуларно, а тоа вклучува крадење на ќебе, инсистирање на облик на секс што само тој го сака, и користење изрази кои ја прават да се чувствува како во порно филм.

Меѓу главните причини што ќе ја охрабрат жената да изневерува е некреативно однесување во кревет поради кое сексот секогаш изгледа исто и рутински, како и прескокнување на предиграта.

Жените, ако изневерат, ќе го започнат да изневеруваат по третата година од бракот, а мажите малку подоцна од тоа. Заеднички мотив и за неверството е здодевноста.

Интересно е тоа што причините поради кои мажите изневеруваат се многу различни, а мажите го наведле недостатокот на секс како главна причина за изневерување, додека жените не го навеле тоа во нивните пет главни причини.

Студијата разби и еден популарен мит – дека само мажите изневеруваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата