Новинарите до Заев: ОВА Е ШПАНСКА СЕРИЈА

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новинарите до Заев: ОВА Е ШПАНСКА СЕРИЈА

Премиерот Зоран Заев вечерва даде изјава за медиумите, откако екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се појави во обвинителството по решението за куќен притвор, а беше недостапен изминатите 2 дена.

Новинарите кои беа присутни на изјавата на премиерот му забележаа дека целиот овој настан наликува на шпанска серија, на што премиерот рече дека ова покажало дека нема договор.

Заев изјави дека  тоа што Мијалков се појави во суд покажало дека имаме систем и дека тој треба да зајакнува.

– Ова  е европеизација на институциите, рече Заев.

Според него во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата