(Видео) Николоски: Власта не дава поддршка за извозно ориентираните компании, а угостителите се на раб на егзистенција

17.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Николоски: Власта не дава поддршка за извозно ориентираните компании, а угостителите се на раб на егзистенција

ВМРО-ДПМНЕ апелира, владата да даде поддршка на извозно ориентираните компании.

По нивната посета на стопански објекти во Тетово и Брвеница, од оваа партија реагираат дека владата нема предвидено ниту една мерка или програма за поддршка на извозот и развој на истражувачки и развојни центри.

„Она што го гледаме од средбите со стопанствениците со оние кои што го создаваат националното богатство на Македонија, го полнат буџетот, даваат плати, имаме две вистини, едната е дека имаме исклучително амбициозни луѓе, луѓе коишто сакаат да работат тука во Македонија и да допринесат и од друга страна за жал имаме неодговорна власт и влада која не ги помага овие луѓе. Скоро и да не слушнавме дека луѓето добиваат било каков тип на помош“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Николоски.

„Во однос на рестораните гледаме дека овие мерки поврзани со короната траат скоро година дена. Но она што е проблем е тоа што нема никаква поддршка од државата. Луѓето трпат огромни загуби, имаат вработени кои што сега седат дома, имаат кредити коишто треба да ги плаќаат, а немаат никаква поддршка од државата, што ги доведува на раб на егзистенција“,  рече Николоски.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата